Sbs Macedonian -

Секој музичар во Македонија, што и да работи, се враќа на корените на македонскиот мелос..

Informações:

Sinopsis

Светски познатото рок дуо Некст Тајм, браќата Мартин и Стефан Филиповски внесуваат нови кинематографски размери во македонската песна, со чувствителните аранжмани на Маестро Никола Мицевски, кои во придружба на Ламбе Алабакоски и Гоце Димовски се наоѓаат на турнеја низ Австралија. Составот е силно претставување на македонската музичка елита и SBS Macedonian пренесува дел од кратката средба со браќата Филиповски во клубот QRoom во Мелбурн на 19 април.